Поврзете се со нас

АТП

Медведев „гази“ се пред себе, следен ривал му е најголемата сензација на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Најдобриот руски тенисер, Данил Медведев продолжува со импресивните партии на Ју-Ес Опен, а најновата жртва е Даниел Еванс од Велика Британија.

Медведев потврди дека е во одлична форма и против големиот борец славеше со 3-0 во сетови со 6:3, 6:4, 6:3. Дуелот траеше помалку од два часа и истиот беше четврти во низа во кој Данил слави без да загуби ниту еден сет.

Таа своја серија може да је продолжи во четвртфиналето затоа што таму ќе се соочи со најголемата сензација на турнирт, Ботик Ван Де Зандшулп.

Холанѓанецот кој до главниот ждреб дојде преку квалифиакциите оваа вечер направи ново изненадување и славеше над аргентинскиот рекет Диего Шварцман со резултат 3-2 (6:3, 6:4, 5:7, 5:7, 6:1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни