Поврзете се со нас

Франција

Мбапе го издрибла голманот, па го режираше најголемото промашување во кариерата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе дефинитивно не е во препознатливата форма и не се запишува во листата на стрелците и кога ПСЖ победува со три или четири гола разлика, па така вчера остана без гол на четврти меч во низа.

„Светците“ успеаја да слават на гостувањето кај Рен со 1:3, но станува јасно дека главната ѕвезда ќе го бара својот вистински ритам на репрезентативниот собир кој следи, и кој сигурно добро ќе му дојде после големото промашување.

Мбапе вчера имаше стопроцентна шанса да ја прекине мини-кризата и да постигне гол, но не успеа во тоа дури и кога го помина голманот на домашниот тим.

Килијан имаше спринт во свој препознатлив стил и лесно се ослободи од чуварот, но откако го мина и голманот Манданда, реагираше доста лошо.

Напаѓачот на ПСЖ избрза и ја испрати топката над голот, па ова сигурно е неговото најголемо промашување во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни