Поврзете се со нас

Германија

Матеус критикува две ѕвезди на Баерн: Подобро да го променат односот

Објавено

на

Баерн Минхен го победи Штутгарт и не дозволи нов кикс во Бундеслигата, но дел од фудбалерите на германскиот тим и натаму играат под вообичаеното ниво.

Тоа го истакнал и легендарниот Лотар Матеус, кој по вчерашната средба отворено критикувал двајца играчи од составот на Јулијан Нагелсман.

Се работи за Серж Гнабри и Лерој Сане кои добија шанса во вториот дел.

– Не добивам впечаток дека Сане и Гнабри сакаат да напредуваат и не му даваат знаци на тренерот поради кои би требало повторно да добијат шанса.

– Не можам да го разберам ова, не се залагаат доволно и не оставаат добар впечаток на теренот. Подобро би било да размислат како ќе продолжат во иднина и да го променат односот, – истакнал Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни