Поврзете се со нас

Италија

Марота отворено за Лукаку: Тешко ја менаџира ситуацијата

Објавено

на

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота даде краток и концизен коментар околу ситуацијата во која се наоѓа напаѓачот на „нероаѕурите“, Ромелу Лукаку.

Белгиецот игра ужасно оваа сезона, по неговото враќање во клубот од редовите на Челси каде исто така минатата сезона не се прослави и по само една година си замина од „Стемфорд Бриџ“.

Лукаку оваа сезона мака мачеше и со повреди, но многу повеќе со самодовербата која очигледно му е на многу ниско ниво и која го спречува да го прикажува тоа кое го прикажуваше во Интер по неговиот трансфер во клубот од Манчестер Јунајтед.

Марота истакна дека се надева дека наскоро играчот ќе се врати во физичка и психичка кондиција и дека ќе почне да го прикажува најдоброто од себе.

– Оваа сезона за Ромелу е полна со ситуации кои тешко ги менаџира. Се надеваме дека наскоро ќе ја пронајде најдобрата физичка и психичка кондиција и ќе се врати во врвот, -кратко изјави Марота кој очигледно нема да го чека многу Белгиецот кој во моментов  во Интер игра како позајмен фудбалер од Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни