Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“: Перез и Анчелоти имаат џентлменски договор за темата „Бразил“

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти следната година ќе стане бразилски селектор и тоа ќе биде уште еден голем предизвик во неговата кариера, но дотогаш има време за уште една сезона во која ќе се обиде да му донесе трофеи на Реал Мадрид.

Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација веќе потврди дека Карло ќе ги води Бразилците на Копа Америка следното лето, а преговорите очигледно не траеле многу и италијанскиот стручњак не го криел задоволството што ќе добие ваква шанса.

Шпанските медиуми го поставија прашањето за тоа како реагирал Флорентино Перез за ваквата ситуација, но „Марка“ денеска појаснува дека Анчелоти и Перез имаат џентлменски договор за оваа тема, а Реал Мадрид бил во тек со преговорите на тренерот и Бразилците.

Можеби е изненадувачки што потврдата за ангажманот на Анчелоти е објавена една година порано, но дури и тоа нема да ги поремети односите во Реал, бидејќи Перез е сигурен во професионалноста и залагањето на италијанскиот стручњак и дека тоа нема да се промени и во ваква ситуација.

Од друга страна и Реал ќе може навремено да си обезбеди наследник на Анчелоти за следната сезона и ќе има доволно месеци да донесе соодветна одлука за ова важно прашање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни