Поврзете се со нас

Италија

Манџукиќ пред враќање во Серија А: Амбициозен клуб му понуди двегодишен договор на Хрватот

Објавено

на

По само неколку месеци минати во Катар, Марио Манџукиќ спогодбено го раскина договорот со Ал Духаил, а како што беше најавено на почетокот на овој месец, искусниот Хрват е неверојатно блиску до враќање во добро позната средина.

Медиумите од Апенините пренесоа дека Марио има неколку понуди на маса од Италија, но денеска „СпортИталија“ јавува дека корпулентниот голгетер се наоѓа пред трансфер во Фиорентина, клуб кој планира да продолжи со интересниот проект кој сепак не успеа да се реализира оваа сезона.

Клубот од Фиренца минатата година го ангажираше Франк Рибери како слободен агент, а како што јавуваат медиумите од Италија, сега многу е блиску да повтори исто сценарио и со Хрватот кој едвај чека да се врати во Серија А.

Според „СпортИталија“, Фиорентина му понудила двегодишен договор на Манџукиќ и со тоа значително направила голем плус во преговорите, а проценката е дека му е ветена и плата од 3 милиони евра по сезона.

Враќањето во Италија за Манџо ќе претставува експресен кам-бек во средината која многу добро ја познава, бидејќи до крајот на 2019-та година беше дел од Јувентус, клуб со кој освои четири титули во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни