Поврзете се со нас

Италија

Манчини ја направи клучната разлика, Рома рутински ја победи ослабената Џенова (Видео)

Објавено

на

Рома не попушта во намерата до самиот крај да се бори за излез во Лигата на шампионите наредната сезона, па ова попладне во првиот неделен натпревар од програмата во Серија А, оствари рутинска победа во дуелот со Џенова која беше значително ослабена.

Тренерот Балардини не можеше да смета на повредените Горан Пандев и голамнот Матија Перин, а сето тоа резултираше со недостаток на лидери на теренот и минимален пораз.

Рома создаде многу шанси за гол и комплетно доминираше во секој фудбалски елемент, но како клучен се покажа моментот во првото полувреме кога дефанзивецот Манчини беше највисок во скокот.

Стоперот на Рома фантастично реагираше со глава по центаршутот на Пелегрини и погоди за 1:0 во 24-та минута, гол кој на крајот ја направи главната разлика на теренот на „Олимпико“.

Рома изби на четвртата позиција со новите три бода, додека Џенова остана на 27 со седум бода повеќе од 18-пласираниот Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни