Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед постави нов премиерлигашки рекорд со издвоената сума за плати

Објавено

на

Манчестер Јунајтед ја заокружи финансиската година со зголемена загуба, која достигна 115,5 милиони фунти, a клубот исплатил рекордна сума за плати во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ во сезоната 2021/22 издвоил 384,2 милиони фунти, што е раст за 19,1 проценти во однос на претходната година, а претставува и нов рекорд во Премиер лигата.

Претходно, најголема сума за плати во текот на една сезона имаше издвоено Манчестер Сити (355 милиони фунти).

Вкупниот финансиски обрт на Јунајтед е зголемен за 18 проценти и достигнал 583,2 милиони фунти, а долгот на клубот е зголемен на 514,9 милиони фунти.

Само за отказите на Оле Гунар Солскјер и разделбата со Ралф Рангник и нивните асистенти, Јунајтед издвоил 24,7 милиони фунти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни