Поврзете се со нас

Италија

Малдини потврди еден потпис на „Сан Сиро“ и порача: Со Леао сме на иста бранова должина

Објавено

на

Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини потврди дека во следните 24 до 36 часа на „Сан Сиро“ ќе се случи нов потпис.

Имено, нов договор ќе добие Исмаил Бенансер кој се покажа како одлично решение во средината на тимот предводен од Стефано Пиоли.

Од друга страна, Малдини откри дека се во преговори со Рафаел Леао за негов нов договор, притоа нагласувајќи дека двете страни се на иста бранова должина, што значи дека наскоро би можел и тој да добие продолжување на соработката.

– Ќе го комплетираме новиот договор со Исмаел Бенансер во следните 24 или 36 часа, -кратко изјави Малдини, а потоа продолжи за ситуацијата со Леао.

– Во преговори сме да го продолжиме договорот на Леао. Ќе се обидеме да ја завршиме работата, изгледа дека сега двете страни сме на иста бранова должина. Изгледа како да сака да остане, -изјави Малдини за „Медијасет“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни