Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонските фудбалерки претрпеа тежок пораз од Северна Ирска

Објавено

на

Македонската сениорска женска репрезентација на ужасен начин го отвори двомечот со Северна Ирска, бидејќи попладнево на домашен терен загуби со двоцифрена гол разлика.

Пресметката од петтото квалификациско коло за Светското првенство се одигра во тренинг комплексот на Фудбалската Федерација на Македонија, каде на теренот „Петар Милошевски“ имаше доминација само на една селекција.

Гостинките од Северна Ирска се прикажаа во немилосрдно издание уште во првото полувреме, во кое до врв ја наполнија нашата мрежа и водеа со 0:7.

Во вториот дел, мрежите мируваа до 68-та минута, а од тогаш до крајот гостинките постигнаа уште четири гола и ја потврдија преуверливата победа.

Втората пресметка со Северна Ирска се игра во Белфаст за четири дена, на 29-ти ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни