Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија прокоцка „плус седум“ во Злин и остана без победа во последниот напад

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација сигурно ќе прифатеше реми како позитивен резултат на првиот натпревар од двомечот со Чешка, но ако се земат во предвид околностите во Злин, нерешениот исход на крајот носи доста горчлив вкус.

Избраниците на Кирил Лазаров пропуштија да ја откажат Чешка уште во воведниот меч од бараж финалето за Светското првенсто, бидејќи прокоцкаа предност од седум гола во второто полувреме, а потоа и плус шест на 11 минути пред крајот.

Македонија играше извонредно добро, правеше мал број на технички грешки и имаше гранитна одбрана, па по водството од 10:17 на стартот на вториот дел и она од 16:22 во 49-та минута, навистина делува нестварно како не остваривме прва победа на едно гостување во Чешка.

Македонските ракометари не искористија многу шанси во завршните десет минути и му дозволија на домаќинот да се врати во игра, до тој степен што имаше и напад за израмнување. Чесите израмнија 24:24 во својот последен напад, а оној завршниот за Македонија не го дочека својот крај и истиот заврши без удар на голот.

Конечниот резултат носи разочарување и поради атракциите кои ги прикажаа нашите ракометари, но позитивен впечаток од овој чуден меч на крајот е тоа што епилогот е добар и не остава сериозно во игра за реваншот во Скопје за четири дена.

Голманот Мрква беше сензационален и со своите 16 интервенции беше клучен за враќањето на Чесите, а во нападот најдобри беа Хрцка и Клима со по пет голови. Во нашиот тим, Митревски исто така брилјираше со 11 одбрани, Талески постигна пет гола и беше најефикасен, а по четири имаа капитенот Кире и Георгиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни