Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија ја растури Турција на стартот на ЕХФ шампионатот за кадети

Објавено

на

Кадетската репрезентација на Македонија имаше перфектен старт на ЕХФ шампионатот кој се игра во Рига, Летонија.

Избраниците на Раде Стојановиќ со убедливи 34:20 ја совладаа соодветната селекција на Турција и на најдобар можен начин го отворија натпреварувањето.

Македонските репрезентативци до 18 години во кои лежи иднината на нашиот ракомет покажаа сила против турскиот национален состав одигрувајќи одлично во текот на сите 60 минути.

Најдобар голгетер меѓу ракометарите беше Александар Петковски  кој постигна десет погодоци, а одличен беше и Тодор Узунчев кој запиша шест голови. Меѓу стативите непремостлива пречка за Турците беше Давид Брестовац кој собра дури 18 интервенции и имаше 52% успешност на одбранети удари и сосема заслужено на крајот го понесе признанието за најдобар играч на средбата.

Утре со почеток од 13:30 часот Македонија го игра следниот натпревар на шампионатот против селекцијата на Косово.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни