Поврзете се со нас

Свет

Маестро Димитријевиќ во тимот на колото во ВТБ лигата (Фото)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Ненад Димитријевиќ посебно се мотивира кога игра против најдобрите тимови во ВТБ лигата, а на последното дерби против ЦСКА испорача неверојатни 40 поени.

Македонскиот репрезентативец игра во неверојатна форма и блеска со настапите во Русија, па денеска пристигна информација која беше сосема очекувана после симултанлата против ЦСКА.

Нено постигна половина од поените на неговиот тим и си загарантира место во идеалната петорка на ВТБ лигата, седми пат од стартот на сезоната.

Со оваа победа, Уникс го осигура првото место во регуларниот дел од сезоната и на најважните мечеви ќе ја има предноста од домашен терен, нешто што може да биде клучно во битките за титулата.

Во идеалната петорка во ВТБ лигата се најде и соиграчот на Димитријевиќ, Џајстон Рејнолдс, како и Антон Глазунов, Владислав Трушкин и Томас Етел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни