Поврзете се со нас

Лига на нации

Луис Енрике демантира дека ја исполнил желбата на Атлетико да не повикува нивни фудбалери во националниот тим

Објавено

на

Шпанскиот селектор Луис Енрике вчера го објави составот на репрезентацијата за претстојните натпревари од Лигата на нации, а покрај тоа што се повикани голем број млади играчи, интересен е и фактот што нема ниту еден претставник на Атлетико Мадрид.

Помалку неочекувано, но според шпанските медиуми можеби и логично поради фактот што членовите на оваа екипа настапуваа во Лигата на шампионите минатата недела.

Интересно е тоа што од федерацијата потврдиле дека Атлетико Мадрид испратил официјално барање неговите играчи да бидат поштедени од селекторот за овие средби, за истите да добијат заслужен одмор во пресрет на новата сезона.

Сепак, ваквата информација го налути селекторот кој реплицирал дека не повикал фудбалер на Атлетико затоа што тие не влегле во неговиот потесен избор, а не поради исполнување нечии желби.

Во комбинација за настап во репрезентацијата се играчи како Коке, Саул, Мората и Љоренте, но тие нема да бидат дел од „фуријата“ барем за натпреварите против Германија и Украина на 3 и 6 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни