Поврзете се со нас

Италија

Луда приказна: Беше ѕвезда на Интер, 13 години играше во Серија А, па сега стана кошаркар! (Видео)

Објавено

на

Родриго Паласио во текот на вчерашниот ден официјално информираше дека заминува во пензија и дека веќе нема професионално да се бави со фудбал, но затоа неговите идни планови се тесно поврзани со спортот.

На свои 40 години, Паласио сфати дека веќе не е доволно подготвен за да се натпреварува на највисоко ниво и се повлече од фудбалот, но веднаш вистински хит стана веста дека се префрлил на кошарка.

Светскиот вицешампион со Аргентина од 2014-та година играше цели 14 години во Италија, 13 од нив во Серија А, а во еден момент беше и ѕвезда во нападот на Интер.

На стартот на петтата деценија од животот, Паласио реши дека е време за да се збогува со фудбалот, но останува активен спортист, бидејќи потпишал договор со италијанскиот кошаркаски нисколигаш.

Паласио веќе одиграл два натпревари за Гарењано и постигна 20 поени на двата меча, па негов план е во наредниот период да се натпреварува во кошаркарската Серија Д.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни