Поврзете се со нас

Италија

Лоши вести за „нероаѕурите“: Шкринијар му кажал „НЕ“ на Интер

Објавено

на

Милан Шкринијар веќе некое време е еден од најважните играчи на Интер, па затоа клубот се обидува да ја продолжи соработката со дефанзивецот со оглед на тоа што договорот му истекува на крајот на оваа сезона.

„Нероаѕурите“ имаа конкретна понуда за Словакот која беше на маса и досега немаше одговор, но според италијанските медиуми или поконретно „Скај Спорт Италија“ пренесува дека стоперот се решил да го одбие клубот од Милано.

Милан е подготвен да види што ќе му понудат и останатите клубови, да ги разгледа останатите опции иако наводно вратата за останување во Интер не е затворена. Засега тој не сака да прифати 6 милиони евра плус бонуси и добро ќе размисли пред да донесе конечна одлука за неговата иднина.

ПСЖ е прв кандидат за неговиот потпис, но тука се и премиерлигашите Тотенхем, Челси, а сигурно ќе се јави и некој друг клуб со оглед на тоа што ќе може да го добие без обештетување по крајот на кампањата.

Ова е удар за Интер кој минатото лето одби 60 милиони евра од ПСЖ затоа што беа убедени дека Словакот ќе потпише нов договор. Информациите говорат дека поранешниот италијански шампион нема намера да ја зголемува понудата, поточно ова е максимумот кој можат да му го дадат на 27 годишниот играч кој го носи нивнито дрес од 2017 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни