Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул победи на „Олд Трафорд“ во фантастичното гол-шоу и остана во игра за ЛШ (Видео)

Објавено

на

Одложеното англиско дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул се одигра на „Олд Трафорд“ оваа вечер, а иако домашниот тим подобро го отвори натперварот, на крајот повеќе нерви и ладна глава во фудбалскиот „рикошет“ имаше гостинот од „Енфилд Роуд“.

Во фантастичнта фудбалска претстава на театарот на соништата, Ливерпул успеа да го победи големиот ривал на негов терен по пауза од седум години, откако благодарение на пресвртот оствари победа од 2:4.

Резултатот беше отворен со голот на Фернандеш кој беше постигнат со огромна помош од Филипс, но пред самиот крај на првиот дел, Ливерпул постигна два гола и направи пресврт. Португалецот Жота израмни на 1:1, а кога се чинеше дека со овој резултат ќе се замине на пауза, погоди Фирмино за прво водство на гостите.

Истиот играч погоди за 1:3 на самиот старт на вториот дел, по што Жота пропушти колосална шанса да стави точка на дербито со гол за 1:4. Португалецот ја погоди само стативата, по што следеш казна и гол на Рашфорд за возбудливи 20-тина минути.

Јунајтед беше многу блиску до израмнување набрзо по голот на Маркус, но во самата завршница, конечните 2:4 ги постави Мохамед Салах откако изби сам пред голот по класична контра. Со овој резултат, Ливерпул победи на „Олд Трафорд“ по пауза од седум години, а воедно ги задржа своите шанси за пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни