Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул ќе се обиде да ангажира Еквадорец од ривалски тим

Објавено

на

Јирген Клоп може да доведе уште едно засилување за новата сезона, а Ливерпул е сериозно заинтересиран за еквадорски фудбалер кој настапува во Премиер лигата.

Се работи за Моисес Каиседо од екипата на Брајтон, кој со своите игри веќе сериозно ја подигна сопствената цена и за кого Ливерпул подготвил понуда тешка 42 милиони фунти.

Клоп има потреба од уште еден играч за врска по неколкуте повреди кои го погодија неговиот тим, а Каиседо  е едно од потенцијалните решенија за „црвените“.

Брајтон плати само 4,5 милиони фунти за да го доведе Каиседо од Индепендиенте, па една година подоцна може да направи голем профит од истиот фудбалер, кој блескаше во редовите на тимот предводен од Греем Потер.

Сепак, Потер со последната изјава најавил дека Брајтон не планира да се раздели со фудбалерот по таа цена.

– За таа цена можат да ги добијат само неговите копачки, – изјавил Потер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни