Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул ја пронајде замената за Вајналдум во српски репрезентативец

Објавено

на

Од таборот на Ливерпул се во постојана потрага по замнеа за холандскиот фудбалер, Џеорџино Вајналдум кој од пред некој ден и официјално е нов фудбалер на ПСЖ.

Како што пишува италијанскиот „Ил Месаџеро“ Јирген Клоп се одлучил во своите редови да го донесе српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ Савиќ како директна замена за Вајналдум.

Милинковиќ- Савиќ зад себе остави уште една одлична сезона во која беше избран за најдобар играч на Лацио, па на Ливерпул нема да му биде лесно да го обезбеди неговиот потпис.

Фудбалерот од средниот ред речиси секое лето се поврзува со заминување од „Олимпико“, но досега Клаудио Лотито одолеваше на нападите на големите екипи. Претходно интерес за Милинковиќ- Савиќ имаше од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид кои одбија да ја платат цената од 100 милиони евра која ја бараше првиот човек на Лацио.

Сега Србинот ќе вреди барем двојно помалку, па Ливерпул ќе може да го обезбеди неговиот потпис за 50-60 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни