Поврзете се со нас

Англија

Лидс го нападна Фекир за ужасен потег на теренот: Ова ли е пријателска? (Видео)

Објавено

на

Лидс Јунајтед и Бетис одиграа пријателски натпревар ова попладне, но истиот не беше баш најпријателски, а тука пред се станува збор за односот меѓу Набил Фекир и фудбалерите на Марсело Биелса.

Најголемата ѕвезда на Бетис беше жртва на доста стартови од противничките играчи, но дури и тоа не го оправдува однесувањето кое го имаше при еден дуел со Струјик.

Фрустрираниот Фекир го загуби дуелот со покорпулентниот противник, па во немоќ, намерно го удри кога топката веќе не беше во нозете на Струјик.

Главниот судија одлучи да му прогледа низ прсти на Фекир со оглед на тоа што станува збор за пријателски меч и не го опомена, но затоа официјалниот профил на Лидс се пожали за однесувањето на противникот.

Покрај ова, фудбалските фанови од Англија забележаа дека Фекир плукнал кон Струјик непосредно откако го фаулираше, што ја прави оваа ситуација уште поразочарувачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни