Поврзете се со нас

Германија

Левандовски: Наградата на ФИФА е поважна од „Златната топка“

Објавено

на

Напаѓачот на германскиот шампион Баерн Минхен, Роберт Левандовски направи споредба на двете најпрестижни награди кои се доделуваат во светот на фудбалот, а се однесуваат на оној кој бил број еден во годината.

Имено Левандовски не успеа да дојде до признанието „Златна топка“ во 2021 година, но затоа го грабна „The Best“ која го доделува Светската фудбалска федерација (ФИФА).

-Размислував за двете награди. И на крајот дојдов до заклучок дека наградата на ФИФА е позначајна. Kaj Златната топка пресуден е гласот на новинарите. Од друга страна кај наградата на ФИФА се слушаат гласовите на фудбалерите, тренерите и новинарите. Капитените и тренерите можат многу пореално да ги оценат нашите игри бидејќи се во тоа.

-Ама не дека не можам да спијам поради изборот за Златната топка. Особено затоа што сфатив дека тука игра улога и политиката. Резултатот од гласањето не може да влијае на мене. Единствено ми е важно да уживам во играта и да им помогнам на моите соиграчи да победат – изјави Левандовски кој проговори и за неговите и гласовите на Лионел Меси во битката за наградата на ФИФА.

-Гласав за него затоа што го ценам тоа што го направи оваа година како и претходните. Меси ми кажа дека гласал за мене во изборот за Златната топка. Зошто подоцна се предомислил? Не знам. Но, јас не се жалам. Донесе таква одлука и толку. Но, вистина е дека ја прифатив уште полесно, бидејќи на крајот ја добив таа награда, -порача Полјакот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни