Поврзете се со нас

Англија

Лестер најде замена за Фофана во Франција

Објавено

на

Весли Фофана не е во комбинација за менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, па „лисиците“ затоа веќе се обидуваат да најдат замена за дефанзивецот.

Премиерлигашот го пикирал Вут Фаес од редовите на Ремс, 24-годишен фудбалер кој настапува за францускиот прволигаш од 2020 година.

Ремс ќе заработи околу 15 милиони фунти од овој трансфер, а Фаес е продукт на младинската академија на Андерлехт.

Минатата сезона Белгиецот забележал 37 настапи во францускиот состав, а веќе дебитираше за својата репрезентација во Лигата на нации.

Во меѓувреме, се очекува Фофана да го комплетира трансферот во Челси, за што клубовите и натаму преговараат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни