Франција
Леонардо: Нема сценарио по кое Мбапе ќе си замине од ПСЖ
Пари Сен Жермен одлучи да ги одбие сите понуди на Реал Мадрид за Килијан Мбапе во финишот на летниот преоден рок иако стануваше збор за навистина големи суми на пари кога ќе се земе предвид дека Французинот е во последните месеци од актуелниот договор.
Меѓутоа „светците“ останаа докрај на своето и се чини дека веќе имаат план за да направат се што можат за да го убедат Килијан да продолжи на „Паркот на принцовите“ и по 2022 година. Имено спортскиот директор, Леонардо директно порача дена не гледа сценарио во кое францускиот ас си заминува од сегашната средина.
-Килијан е неверојатен играч. Составивме феноменално напаѓачко трио: Меси – Нејмар – Мбапе. Се надеваме дека ќе трае повеќе од една година. Мислам дека Килијан нема да го напушти клубот. Нов договор? Тоа отсекогаш бил наш приоритет, -рече Леонардо и додаде:
-Што ако си замине? Не сум размислувал за тоа. Не гледам сценарио по кое би го напуштил клубот. Не можеме тоа да го замислиме, -истакна оперативецот на ПСЖ.
Останува да видиме каква ќе биде одлуката на Килијан кој засега одбива да потпише нов договор и со тоа секако си отвара пат за преселба во Реал Мадрид.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони24 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија8 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег