Поврзете се со нас

Франција

„Лекип“: ПСЖ донел конечна одлука за судбината на Галтие

Објавено

на

ПСЖ веќе ја потврди новата титула во француското првенство, но раководството и фановите не се најзадоволни од сезоната во која клубот повторно беше далеку од битка за најпосакуваниот трофеј, односно триумф во Лигата на шампионите.

Тренерот Кристоф Галтие самиот порача дека со резултатите сезонава заслужил и втора сезона на клупата на францускиот великан, но раководството не е убедено во тоа.

„Лекип“ тврди дека периодов во Париз е присутен и шеикот Тамим бен Хамад Ал-Тани, кој како претставник на сопствениците од Катар ја поддржал идејата за тренерска смена.

Тоа значи дека денешниот дуел со Клермон ќе биде збогување и за Галтие со ПСЖ, односно тренерот нема да добие можност да ја одработи втората година од својот договор со клубот.

Веќе се шпекулира и со можните наследници на Галтие, а покрај желбата на фановите од типот на Зинедин Зидан, во конкуренција се и Жозе Мурињо, како и актуелниот тренер на Болоња, Тиаго Мота, кој е фаворит на претседателот Насер Ал Келаифи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни