Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс во победнички ритам, Мемфис го изненади Милвоки (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAspain

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс игра квалитетно во изминатиов период и потврда за тоа се осумте победи на последните девет натпревари.

Рано утрово нивна „жртва“ беше составот на Вашингтон Визардс кој беше совладан на негов терен со 125:120. „Езерџиите“ беа добри во првата и третата четвртина, односно тука ја направија клучната предност која на крајот им овозможи да се радуваат на 44 триумф во 77 сезонски натпревар.

Дејвис беше во прв план со дабл-дабл од 35 поени 18 скокови, Џејмс беше најголема негова поддршка со 25 поени, 5 скока и 9 асистенции, а двоцифрени беа и останатите членови од старната петорка Хачимура, Расел и Ривс.

На спротивната страна Пул се истакна со 29 кошеви.

Милвоки Бакс пак беше изненаден од Мемфис Гризлис кој е еден од најслабите тимови на Западот во актуелнава сезона. Бакси загубија во својот дом со 101-111 во дуел во кој немаа решение за Џексон Џуниор со 35 поени.

Адетокумбо беше скромен кај Милвоки кога се во прашање поените, уфрли само 21 што е далеку под неговиот просек.

Резултати:

Шарлот – Портланд 86:89
Вашингтон – Лос Анџелес Лејкерс 120:125
Атланта – Детроит 121:113
Бостон – Оклахома 135:100
Бруклин – Индијана 115:111
Милвоки – Мемфис 101:111
Минесота – Торонто 133:85
Њу Орлеанс – Орландо 108:117
Феникс – Кливленд 122:101

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни