Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс носат уште едно познато име, Олдриџ се врати од пензија и потпиша за Бруклин

Објавено

на

Супер интересна се очекува да биде новата сезона во НБА лигата каде први фаворити за пехарот на Истокот и Западот би требало да бидат Бруклин Нетс и Лос Анџелес Лејкерс.

Токму овие две екипи продолжуваат да влечат потези и го засилуваат составот, па така Бруклин успеа да го обезбеди Ламаркус Олдриџ. Олдриџ пред пет месеци одлучи да се повлече, замине во пензија откако имаше проблеми со срцето.

Меѓутоа сега тоа е надминато, доби зелено светло од лекарите да се врати на терените и тој одлучи да се врати и потпише едногодишен договор со Нетс, договор вреден 2,6 милиони долари.

Претходно Бруклин го доведе Пол Милсап, а од трејдот со Детроит Окафор и Думбија.

Од тој трејд дел беше ДиАндре Џордан кој беше испратен во Детроит, ама Пистонс нема намера да го задржи и откако двете страни ќе се решат за раскин на соработната центарот ќе потпише за ЛА Лејкерс.

Лејкерси сметаат дека Џордан е одлично решение за борбата под кошевите. ДиАндре цели десет години настапуваше за Клиперс и многу добро го познава Лос Анџелес и Калифорнија.

Со ова „езерџиите“ само продолжуваат да носат проверени, докажани, искусни имиња, па останува да видиме како тренерот Вогел ќе ги склопи сите кошаркари како целина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни