Поврзете се со нас

НБА

Легендарниот Џонсон со комплименти за Вестбрук: Ова и јас не можев да го направам

Објавено

на

Меџик Џонсон важи за еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА лигата, па неговиот збор има навистина големо значeње и тежина особено кога говори за позицијата која тој супер успешно ја покриваше со години.

Расел Вестбрук сега е еден од организаторите кој прави разлика на терените ширум НБА, успеа да дојде до 181 трипл-дабл и со тоа да се израмни со рекордерот Оскар Робертсон, ама и понатаму дел од јавноста, аналитичарите не му оддаваат доволно почит, кредит за тоа што го испорачува во најсилниот шампионат на светот.

Славниот Меџик верува дека мора повеќе да се зборува за Рас, да биде повеќе ценет затоа што прави работи кои дури и тој не можел да ги направи.

-Луѓето играа 13, 15 години и никогаш не успеваа да дојдат до 20 скокови. Истото и со асистенциите. Знам дека имам 24, ама тој да дојде до 24, има многу плејмејкери кои никогаш не би стигнале ниту до 20 (асистенции). Работите што беше во можност да ги направи, се надевам ќе можеме да кажеме: дајте му љубов, дајте му почит . Ова е навистина нешто големо. Ова е нешто што дури и јас не можев да го направам. Знам колку е големо, -вели иконата на ЛА Лејкерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни