Поврзете се со нас

Светски првенства

Легендарен српски напаѓач критикува: Ова никогаш нема да и се случи на Хрватска!

Објавено

на

Драгиша Биниќ е легендарен напаѓач на Црвена Звезда и поранешен југословенски репрезентативец, а ќе остане запаметен во историјата по тоа што беше дел од неповторливиот тим на српскиот великан кој ја освои европската титула во друштво на Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Славниот Србин е посебно омилен меѓу навивачите на Црвена Звезда, но својата популарност од минатото сега ја пренесе со давање коментар на актуелна тема, која денеска е најкоментирана и дебатирана кај нашиот северен сосед.

Србија испушти чиста победа против Камерун и упропасти предност од 3:1, што според Бинниќ е нешто што може да им се случи само на „орлите“ и на никој друг.

– Не знам што се случи, едноставно ништо не ми е јасно. Како да сакавме да не победиме. Имавме 3:1, се вративме после нивниот прв гол и се имавме во наши раце. Немаше да ни дадат гол до утре, а потоа решивме да излеземе високо и да правиме офсајд замки. Наместо да останеме во блок и да го завториме мечот……

– Не ми е јасно чива беше идејата да се излезе високо со играчите, тоа се играчи кои не се доволно физички подготвени и се виде на мечот со Бразил. Не знам дали тоа беше одлука на селекторот или играчите. Тоа не би го наредил ниту еден тренер. Видовме како Хрватска вчера реши еден проблем наречен Канада. Рано примија гол, губеа, но потоа направија пресврт на мајсторски начин. Нивната одбрана не правеше глупости како нашата, стоеја точно како што треба. Хрватска е сериозна селекција, овакво нешто никогаш нема да и се случи. Ова ни се случува само на нас.

– Ова е како пораз за мене, не освоивме бод. Не знам како ќе реагираме после ова и страв ми е од последниот меч. Играчите беа себични, особено Митровиќ. Даде гол, но требаше да биде изваден од игра. Пикси мораше да го извади, особено кога не е доволно подготвен. Наместо да ги чекаме, излеговме на пола терен и дадовме да ни дадат два гола, неверојатно, – вели Биниќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни