Поврзете се со нас

Лига Европа

Леао се конфронтираше со новинар по поразот на Милан на „Сан Сиро“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Рафаел Леао не ги оправда очекувањата на фановите на Милан на вчерашниот дуел со Рома во Лига Европа, а потврда за тоа се и свирежите кои Португалецот ги добил во моментите кога беше заменет од страна на тренерот Стефано Пиоли.

„Росонерите“ загубија на домашен терен во пресрет на реваншот во Рим, а фрустрираниот Леао по средбата се конфронтирал и со новинар, кој го објави видеото на социјалните мрежи.

– Еве го Леао кој го напушта стадионот, е она што репортерот го кажува во моментите кога Португалецот поминува во микс-зоната, а нејасно е дали двајцата имаат историја од претходно и дали новинарот кажал нешто попровокативно.

– Што сакаш? придружено со понавредливи термини прашал Леао, пред да биде насочен кон излезот, со што е избегнат и посериозен инцидент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни