Поврзете се со нас

Евролига

Ларкин го предводеше Ефес до триумф против Барселона, „армејците“ и „кралевите“ газат се пред себе (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Анадолу Ефес славеа над Барселона со 86-79 во дербито на вечерта во Евролигата.

Домашниот состав прикажа повеќе, подобро се снајде во Истанбул и предводен од одличниот Ларкин дојде до 8 победа во 16. коло. Американецот со турски пасош даде 23 поени, а одличени беа Мициќ со 17 и Симон со 16 кошеви.

Кај Барселона која игра многу променливо во последниов период се издвои Миротиќ со 18 поени и 8 скокови.

ЦСКА Москва пак својата победничка низа ја продолжи во Франција кај Асвел каде славеше со 87-78. Џејмс беше незадржлив и уфрли 31 поен, центарот Милутинов пак имаше дабл-дабл од 17 поени и 14 скокови. Ова за „армејците“ беше 13 со што е на лидерската позиција на табелата.

Сигурен беше и Реал Мадрид кој си поигра со Алба Берлин со 91-62. Ласо им даде шанса на сите играчи, најдобро ја искористи Таварес со 16 кошеви и 11 скокови. Сикма и Ло пак со по 13 поени беа први стрелци кај германскиот претставник.

Останати резлтати: Зенит-Црвена Звезда 98-69 и Макаби ТА-Панатинаикос 89-81

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни