Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта се нафрли на портивниците во дебатата пред претседателските избори: Упорно трубиш дека ќе го убедиш Меси…

Објавено

на

Претседателските избори во Барселона ќе се одржат утре, а на истите според шпанските медиуми главен фаворит за позицијата е некогашниот прв човек на клубот, Жоан Лапорта.

Изборите требаше да се одржат на 24 јануари, но поради пандемијата со коронавирусот се одложија за 7 март, а во тој период се чини Жоан Лапорта дополнително ја зголеми довербата и се очекува негова убедлива победа.

На вчерашната отворена дебата на која Лапорта ги соочи ставовите со останатите двајца противкандидати Виктор Фонт и Тони Фреикса видовме и еден интересен момент кој сигурно му донесе дополнителни поени на некогашниот прв човек на клубот.

Имено, Лапорта се обрати директно кон Виктор Фонт кој веќе извесен период вели дека ќе го убеди Лео Меси да остане на во клубот и ќе го донесе Чави како тренер.

– Човеку, зборуваш како ќе го убедиш Лео Меси да остане, а воопшто не го ни познаваш лично. Потоа упорно инсистираш на Чави. Престани да ми се заблагодаруваш секогаш кога ќе го заврша излагањето, подобро гласај за мене во недела, тоа ти е попаметно, -му порача Лапорта.

Инаку, Жоан Лапорта според најнвоите најави ќе го носи Серхио Агуеро во намерата да го убеди Меси да остане во клубот, а за клупата не го планира Чави туку Микел Артета од Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни