Поврзете се со нас

Англија

Лампард се огласи и ги испрати првите пораки по отказот од Челси

Објавено

на

Легендата на англискиот фудбал, Френк Лампард ја загуби својата работа како тренер во премиерлигашот Челси.

Составот од Лондон одлучи да му даде отказ откако екипата ги немаше посакуваните резултат во оваа сезона, особено во изминативе два месеци во Премиер лигата каде „сините“ западнаа во криза. Првиот човек на Челси, Роман Абрамович реши да се ослободи од Лампард кој мирно ја прифати оваа одлука за која првпат сега даде коментар и тоа преку социјалните мрежи:

-Беше голема привилегија и чест да го водам Челси, клуб кој беше значаен дел од мојот живот толку долго време. Прво, би сакал да им се заблагодарам на навивачите за неверојатната поддршка што ја добив во последните 18 месеци. Се надевам дека знаат што значи тоа за мене. Кога ја презедов оваа улога ги разбрав предизвиците што претстојат во тешко време за фудбалскиот клуб.

-Горд сум на достигнувањата што ги постигнавме и горд сум на играчите од академијата кои направија исчекор во првиот тим и добро се претставија добро. Тие се иднината на клубот. Разочаран сум што немав време оваа сезона да го одведам клубот напред и да го доведам до следното ниво. Сакам да му се заблагодарам на г-дин Абрамович, одборот, играчите, мојот тренерски тим и сите во клубот за нивната напорна работа и посветеност, особено во овие невидени и предизвикувачки времиња. На клубот и на тимот им посакувам успеси во иднина, -порача Лампард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни