Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лам: Баерн има една важна предност во однос на ПСЖ

Објавено

на

Филип Лам како поранешен капитен на Баерн Минхен сигурно ќе биде меѓу фановите на оваа екипа на вечерашното финале во Лигата на шампионите, а тој смета дека Баварците имаат предност во однос на ПСЖ.

Лам кој долго настапуваше во Баерн го потенцира тренерот Ханси Флик како голема предност за германскиот првак.

– Ако погледнеме во минатото, Баерн ги имаше Отмар Хицфилд и Јуп Хајнкес како посебен квалитет во своите редови.

– Тие не беа во центарот на вниманието, но знаеја како да работат. Ова важи и за Флик, кој успеа да го прегрупира тимот и да го направи колективот екстра оружје на Баерн. Знае на кого може да смета во најважните моменти и Баерн игра одлично. Мислам дека тоа ќе биде пресудно во финалето, тоа ќе биде голема предност – изјавил Лам.

Финалето на Лигата шампионите се игра вечерва од 21 часот во Лисабон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни