Поврзете се со нас

Фед куп

Лабудовиќ: Одличната игра на тимот ја донесе победата

Објавено

на

foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Женската репрезентација на Македонија ја совлада Естонија во првиот меч во Втората Евроафриканската зона од Били Џин Кинг Купот.

Македонските тенисерки беа подобри со 2-1 и тоа со пресврт кој го донесоа Лина Ѓорческа и потоа дубл комбинацијата во која освен тетовката беше и Магдалена Стоилковска.

Македонија со победа над Естонија го отвори настапот во Били Џин Кинг Купот

Селекторот Димитар Лабудовиќ е задоволен од настапот и остварениот триумф.

-Одигравме меч како што посакуваме едноставно целиот тим беше на висината на задачата. Ќе почнам од мечот во двојки, девојките одиграа одлично. Мислам дека за Стоилковска ова беше надобриот нејзин меч во дубл. Заедно со Ѓорческа во текот на целиот меч играа без грешка. Притоа Лина имаше извонрден меч со Канепи, впрочем и двете тенисерки играа одлично, но клучните поени кога се „кршеше“ мечот ги освои Лина. И Стоилковска одигра добар сингл меч, што го потврди подоцна во играта во двојки. Утре (вторник) ни ден за одмор, бидејќи сме слободни, а во среда ќе играме против Хрватска. Во секој случја одлично е што победивме, истакна Лабудовиќ за официјалната веб страна на тениската федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни