Поврзете се со нас

Шпанија

Куман по киксот на Барселона: Пропуштивме голема шанса

Објавено

на

Барселона пропушти голема шанса да се приближи до актуелниот лидер Атлетико, а ремито со Кадиз дополнително го зголеми притисокот врз тренерот Роналд Куман.

По убедливиот пораз од ПСЖ во Лигата на шампионите, сега Барса направи голем кикс во домашното првенство.

– Овие натпревари мора да ги добиваме, а ние денес не успеавме.

– Пропуштивме голема шанса по поразот на Атлетико и многу сме разочарани.

– Ни побегнаа два важни бода, но нема да посочам индивидуалци како виновници, целата екипа не одигра на нивото во офанзивниот дел, – изјавил Куман.

По денешниот дуел, Барселона заостанува осум бодови зад Атлетико Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни