Поврзете се со нас

Шпанија

Куман направи брутална споредба: Барса загуби 8:2 од Баерн со Меси, Гризман и Суарез, а пред неколку дена….

Објавено

на

Роналд Куман денеска направи најава за дуелот со Гранада кој утре се игра на „Камп Ноу“, противник со кој каталонскиот гигант има нерасчистени сметки од минатата натпреварувачка сезона.

Во моментите кога Барса беше во сериозна битка за титулата, Гранада победи на гостувањето во Барселона со 1:2 и му зададе тежок удар на тимот кој го предводи Куман, а кој утре ќе биде доста поинаков со оглед на младите фудбалери на кои се потпира во последно време.

Најавата за Гранада не можеше да избегне прашања поврзани за негова иднина како тренер на Барса, место кое веќе не е толку сигурно после новата убедлива победа која ја оствари Баерн Минхен на „Камп Ноу“ (0:3).

– Пред натпреварот со Баерн добивав прашања дали ќе го продолжам договорот, а после натпреварот, добивам прашања дали се плашам за мојата иднина. Не знам дали ова е нормално, но јас не губам енергија на тоа. Не стравувам од отказ, – вели Куман кој направи брутална споредба за двата порази од Баерн во период од една година.

– Јас како тренер повеќе сум реалист отколку опортунист. Пред една година, Барселона загуби 8:2 од Баерн со Меси, Гризман и Суарез во тимот. Пред неколку дена, мечот го завршивме со Мингеза, Араухо, Балде, Габи, Педри, Демир и чекаме да ни се врати Ансу Фати кој има 18 години, – изјави Куман кој е свесен дека актуелниот ростер не е подготвен за највисоко дострели во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни