Поврзете се со нас

Италија

Круниќ: Покажавме дека сме силни како група, Милан е како семејство

Објавено

на

Тимот на Милан иако играше без доста важни, клучни играчи се избори за три бода на гостувањето кај секогаш незгодната Верона.

„Црвено-црните“ славеа со 2-0, а еден од тие погодоци беше дело на Раде Круниќ кој беше пресреќен што му помогна на тимот да дојде до три важни бода.

-Ни недостасуваа неколку важни играчи, но докажавме дека сме силни како група, како во семејство. Покажавме дека можеме да бидеме добри во овие тешки натпревари. Морам да му се заблагодарам на клубот затоа што ми веруваше. Имав лоши моменти во минатото, не се чувствував добро, ми недостасуваше самодоверба, но сега знам дека можам да му помогнам на тимот.

-Се обидувам да го слушам тренерот, денешниот гол многу ми значи, но најважното е што ги носите дома трите бода, -порача Круниќ кој даде атрактивен погодок од слободен удар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни