Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Круна на сезоната за дамите: Барселона со чудесен пресврт до пехарот во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/UWCL

Фудбалерките на Барселона се новите кралици во европскиот фудбал и тоа откако денеска во Ајндховен на чудесен начин успеаа да слават над Волфсбург.

Шпанскиот претставник важеше за фаворит на хартија, но првиот дел беше кошмарен за Барселона затоа што покрај уницијатативата и големиот број на упатени удари заминаа на пауза со негатива од 2-0.

Бундеслигашот максимално си ги искористи шансите и со погодоците на Пајор во 3 и Поп во 37 минута се стекна со голема предност. Меѓутоа ова како да им даде дополнителна мотивација на девојките од Каталонија кои по одморот тргнаа фуриозно и веќе до 50 минута израмнија на 2-2 со головите на Гихаро.

Овој резултат беше активен до 70 минута кога Ролфо се најде на вистинското место и го комплетираше пресвртот, поточно донесе славје за Барселона.

Ова е втора титула во ова натпреварување за каталонките со што се израмнија со Волфсбург, Умеа и Потсдам на вечната листа. Најтрофеен е Лион со осум пехари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни