Поврзете се со нас

Свет

Крос обелодени како се справил со казната која ја добил од Гвардиола: Не се согласував со него

Објавено

на

После секое натпреварувачко коло во Лигата на шампионите, Тони Крос прави анализа на случувањата во Европа во подкастот кој го води со својот брат, но коментирајќи го страшниот изглед на Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола од стартот на сезоната, Германецот се потсетил и на една незаборавна епизода од заедничката етапа во Минхен.

Пеп Гвардиола му беше тренер на Тони во Баерн и тој силно инсистираше да му биде продолжен договорот и да ги добие парите кои ги бараше, но сепак раководството лесно реши да се ослободи од него и му дозволи да направи трансфер во Реал Мадрид.

Пред да дојде до трансфер, истата сезона Крос и Гвардиола имаа мало недоразбирање по еден лош гест на играчот за врска по излегување од игра, нешто што на крајот било решено со петминутен разговор кој го иницират Тони.

– По измена, ги фрлив ракавиците на меч против Штутгарт и тоа не му се допадна на Гвардиола. После тоа, моравме да имаме добар разговор за да го решиме проблемот.

– Ги решивме недоразбирањата во пет минути. Јас не се согласував со измената и тоа беше тоа. Не играв на следните два натпревари поради казна, по што решив да го посетам Пеп. Мислам дека за Гвардиола најважно беше тоа што јас го побарав да зборуваме за проблемот, – се потсетува Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни