Поврзете се со нас

НБА

Крис Пол со кошаркарска лудорија им одржа лекција на Пол Џорџ и Зубац (Видео)

Објавено

на

Крис Пол ги пропушти првите два натпревари против Лос Анџелес Клиперс поради позитивен Ковид тест, но беше крајно разочаран кога се врати на третиот меч на кој неговиот тим претрпе пораз.

Клиперси намалија на 2:1 во серијата, но ова утро, Феникс одново отиде на плус два и поведе со 3:1 во финалната серија на Западот која може да финишира веќе на слендиот меч кој „сонцата“ го играат на домашен терен.

Крис Пол се врати во свое најдобро светло по лошото издание во третиот меч, па покрај тоа што беше најдобар во друштво на Букер, во триумфот од 84:80 на гостувањето во „Стејплс центарот“ не почести и со една кошаркарска бравура.

Крис Пол ги измеша Пол Џорс и Зубац, а пред да постигна фантастичен кош, имаше време да ја протне топката и меѓу своите нозе…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни