Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Ковид проблеми пред снукер Мастерсот: Најдобро рангираниот Трамп имал позитивен тест

Објавено

на

Позитивни тестови на коронавирусот се причина што Џад Трамп и Џек Лисовски ќе го пропуштат престижниот снукер Мастерс, кој утре започна во Милтон Кејнс.

Трамп беше еден од најголемите фаворити за трофејот со тоа што останува број еден на светската ранкинг листа на професионалци, но тестот направен во петокот бил позитивен и тој е во изолација.

Истото важи и за Џек Лисовски, додека останатите планирани четиринаесет играчи имале негативни тестови во „меурот“ во „Маршал арена“ и остануваат во веќе предвидениот распоред.

Местата на Трамп и Лисовски ќе ги заземат резервите Џо Пери и Гери Вилсон, кој во првата рунда ќе се соочат со Дејвид Гилберт и Кајрин Вилсон.

Годинава, поради проблемите предизвикани од пандемијата, овој турнир првпат нема да се одржува во „Александра Палас“ во Лондон, актуелен победник е Стјуарт Бингам, а победникот ќе заработи 250.000 фунти.

Парови за осминафинале:
1о. јануари
Г.Вилсон-К.Вилсон
Пери-Гилберт
11. јануари
Бингам-Ун Нох
Марфи-Вилијамс
12. јануари
Селби-Мегваер
Робертсон-Бингтао
13. јануари
Хигинс-Ален
О’Саливен-Динг

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни