Поврзете се со нас

Репрезентација

Ковид-19 му создаде нови проблеми на Брестовац пред натпреварот со Швајцарија

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија по воведната победа над Финска сега ќе оди на гостување во Цирих каде ќе се соочи со далеку посериозен противник, Швајцарија.

Во текот на вчерашниот ден беа извршени дополнителни ковид тестирања на ракометарите и целиот стручен штаб и истите покажаа дека во таборот на репрезентацијата има еден позитивен на коронавирусот.

Позитивниот не е од играчите, туку од стручниот штаб што значи дека Брестовац во Цирих сам ќе ја води репрезентацијата од клупата и нема да има никаква стручна помош .

За натпреварот со Финска отпаднаа Никола Матлиески и Александар Царчев, па дополнително беше повикан и тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ, но и тој беше позитивен на коронавирусот, па на крај дојде повик до Ице Соклески.

Што се однесува до играчкиот кадар, поради позитивни тестови Брестовац не може да смета на Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни