Поврзете се со нас

Свет

Костески со ново извонредно издание за Плзен, Кукуловски лидер во победата на Брно

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzen

Македонските интернационалци, Никола Костески и Дејан Кукуловски имаа извонредни изданија и беа лидери во победите на Талент Плзен и Брно во вечерашните мечеви во првата лига на Чешка.

Костески пред неколку дена „леташе“ во дуелот со Нове Весели, издание кое денеска го повтори во дуелот со Дукла Прага. Репрезентативецот беше прв стрелец (заедно со Даниел Блаха) со осум погодоци во славјето од 38:37.

Ова за Плзен беше 19. сезонско славје и со 40 бода е на врвот на табелата.

Брно пак на Кукуловски беше подобар од Маломерице со 26:21. Во главна улога беше токму нашиот бек кој беше најразигран играч кај домаќините со шест реализации.

Со ова Брно ја прекина црната серија од три порази, во следното коло му гостува на Дукла Прага.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни