Поврзете се со нас

Свет

Расположениот Костески му донесе победа на Плзен

Објавено

на

foto: H. Sladký, V. Nováček/www.facebook.com/TalentPlzen

Македонскиот репрезентативец, Никола Костески со одлична партија беше најзаслужен што Талент Плзен славеше над Нове Весели со 32:28 во заостанатиот натпревар од 15. коло во првата лига на Чешка.

Домаќините го оправдаа статусот на фаворити, а огромна заслуга за тоа имаше македонското крило кое со осум погодоци беше најфикасен играч на теренот.

Еден помалку од него имаше соиграчот Шинделар, додека пак кај поразените се издвои Флајсар со шест реализации.

Инаку ова за Никола беше најдобар меч за Плзен во оваа 2024 година. Со вкупно 38 бода тој и соиграчите се на првото место на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни