Поврзете се со нас

Македонија

Кошаркарите се тестираат, неизвесен стартот на новата сезона

Објавено

на

Од вчера Кошаркарската федерација на Македонија заедно со ПЗУ Клиничката болница „Жан Митрев“ спроведува тестирањето на сите клубовите од првата македонска лига како најава за почеток на новата сезона.

Меѓутоа првите резултати иако се неофицијални не носат добри вести, има позитивни тестови на КОВИД-19 во неколку клубови и како што стојат работите ќе мора одново да се одложи стартот на кампањата во домашниот шампионат.

Се очекува КФМ официјално да се огласи, поточно во консултација со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје ќе биде донесена одлука за почетокот на натпреварите од Првата лига-мажи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни