Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарите ќе одат на победа, но и пристоен пораз ги носи во квалификациите за СП

Објавено

на

Победата на Швајцарија над Словачка во претквалификацискиот натпревар за кошаркарското СП одигран во Скопје, значи дека Македонија утре не смее да загуби убедливо од последниот противник.

Избраниците на Драган Бајиќ вторпат ќе играат против селекцијата на Словачка, а веќе најавија дека ќе одат на втор триумф против овој ривал, но дури и пораз нема да биде кобен по македонскиот национален тим.

Со оглед на досегашните резултати во групата во Скопје, на Македонија и треба победа или пораз од 28 или повеќе поени, што е одлична позиција за нашиот состав.

Во моментов Македонија има натпревар помалку и бод помалку од Швајцарија, а првите две селекции ќе обезбедат пласман во главната квалификациска фаза за кошаркарскиот мундијал.

Утре средбата започнува од 19 часот, а на првото соочување Македонија ја победи Словачка со 69:47.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни