Поврзете се со нас

Англија

Конте со прв коментар за шпекулациите кои го поврзуваат со враќање во Јувентус

Објавено

на

Антонио Конте има одлични резултати со Тотенхем откако го презема клубот од Премиер лигата, а периодов повторно беше поврзуван со враќање во Серија А.

Италијанскиот стручњак се уште не го продолжил договорот со лондонскиот тим, што само ги зголеми шпекулациите дека сака да се врати во Јувентус, клуб кој го водеше и во минатото.

Сепак, Конте не само што не сакал да зборува многу на оваа тема, туку смета и дека е некоректно да се излегува со вакви шпекулации.

– Ова е неверојатно. Мислам дека е многу нечесно во овој период да се зборува на ваков начин за актуелниот тренер на Јувентус и за мене, како менаџер на Тотенхем.

– Само што ја почнавме сезоната, многу пати сум зборувал на оваа тема и ќе повторам дека сум среќен во Тотенхем.

– Имаме цела сезона да најдеме најдобро решение со раководството на клубот, а дотогаш ќе уживам во моето време минато како менаџер на Тотенхем. Имам одлични односи со сопственикот и Фабио Паратичи и не гледам проблем, – изјавил Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни