Поврзете се со нас

Свет

Консeисао за фудбалот без навивачи: Тоа е како салата без…

Објавено

на

Фудбалот се враќа и во Португалија и тоа со два натпревари во текот на утрешниот ден од кои во едниот ќе биде инволвиран актуелниот лидер во шампионатот Порто.

Португалскиот гигант му гостува на Фамиликао, средба пред која интересен коментар имаше тренерот Сержо Консeисао за тоа како ќе изгледа фудбалот без навивачи.

-Ќе биде интересно да се игра без публика. Тоа ќе биде салата без соодветни состојки. Да јадете салата без масло, оцет и сол не е исто. Мораме да излеземе со иста желба како да стадионот е полн и имаме поддршка. Ќе биде различно, тоа е сигурно.

-Ќе фали тоа што му дава поттик на играчот. Ќе фалат и свирежите. Не е исто, но мора да ја разгледаме ситуацијата и препораките и да се соочиме со работите како што се, -истакна Консеисао.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни