Поврзете се со нас

Конференциска лига

Конференциска лига: Поволна ждрепка за Партизан, Рома и Тотенхем ќе имаат лесни задачи

Објавено

на

Петочното попладне беше резервирано за две извлекувања во второто и третото по ранг натпреварување кое го организира УЕФА, па по ждрепката во Лигата на Европа, на ред дојде и новоформираната лига.

Конференциската лига како треторангирано натпреварување ќе биде нова шанса за одредени тимови да се докажат на европската сцена, но дел од извлекувањето беа и еминитени имиња како Рома и Тотенхем.

Рома како носител во групата Ц ќе ги одмери силите со Зорја, ЦСКА Софија и Бодо Глимт, додека Тотенхем е во групата Д во која е апсолутен фаворит против Витезе, Рен и Мура.

Поволна ждрепка доби и српски Партизан, кој во првата фаза од натпреварувањето ќе игра против Гент, Флора и Анортозис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни