Поврзете се со нас

Италија

Конечно победа на гостински терен за Јувентус: Влаховиќ ги матираше „биковите“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Јувентус конечно дојде до гостинска победа во оваа сезона во Серија А и тоа во петтиот меч против градскиот ривал Торино.

„Старата дама“ славеше минимално со 1-0 со погодокот кој во 75 минута го постигна српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ. Влаховиќ имаше неколку дуели со сонародоникот Вања Милинковиќ-Савиќ, добро бранеше голманот на Торино, ама во 75 минута немаше простор за интервенција затоа што Душан се најде осамен на втората статива и ја смести топката на вистинското место.

Со 16 бода четата на Алегри е на 7 место, во следното коло го дочекува Емполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни